Земјите членки на ОПЕК+ постигнаа компромис

Според постигнатиот договор, земјите ОПЕК+, дневното производство на сурова нафта од 1 мај до 30 јуни ќе го намалат на 10 милиони барели

1396587
Земјите членки на ОПЕК+ постигнаа компромис

23-те земји членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и земјите извознички кои не се членки на организацијата постигнаа согласност од 1 мај до 30 јуни да го намалат дневното производство на сурова нафта на 10 милиони барели.

Заврши 10-та вонредна министерска конференција на земјите ОПЕК+ што се одржа со телеконференција.

Генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо рече дека децидно ќе се спроведе одлуката која што беше усвоена во петокот.

Според тоа, земјите ОПЕК+, дневното производство на сурова нафта од 1 мај до 30 јуни ќе го намалат на 10 милиони барели.

Ова намалување во историјата ќе биде забележано како најголемо намалување на организацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата преку профилот на твитер истакна:

„Заврши големиот договор за нафта на ОПЕК+. Тоа ќе спаси илјадници вработувања во енергетскиот сектор. Им честитам на Русија и Саудиска Арабија за постигнатит договор.“



Слични вести