Тековен вишок во Турција за 12 месеци во износ од 6 милијарди 128 милиони долари

Според податоците на билансот на плаќања, 12 месечната тековна сметка оствари вишок од 6 милијарди 128 милиони долари

1397245
Тековен вишок во Турција за 12 месеци во износ од 6 милијарди 128 милиони долари

Тековниот вишок на Турција за 12 месеци изнесува 6 милијарди 128 милиони долари.

Централната банка на Република Турција (ТЏМБ) ги соопшти податоците за билансот на плаќања во врска со периодот февруари 2020 година.

Според податоците на билансот на плаќања, 12 месечната тековна сметка оствари вишок од 6 милијарди 128 милиони долари.

Тековната сметка со исклучок на златото и енергијата, во месец февруари минатата (2019) година оствари вишок од 3 милијарди 225 милиони долари, додека во февруари 2020 година постигна вишок од над 2 милијарди 567 милиони долари.

Нето приливите од билансот на услуги, споредено со истиот месец (февруари) 2019 година со раст од 315 милиони долари изнесуваа 1 милијарда 492 милиони долари. 

Нето приливите од патувањето под билансот на услуги, во истиот период со раст во износ од 41 милион долари се зголемија на 855 милиони долари.

Во официјалните резерви пак, во февруари е согледан нето раст од 3 милијарди долари.



Слични вести