Раст на индексот на индустриското производство на Турција во февруари 2020 година
Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство на Турција во февруари годинава во споредба со истиот месец минатата година оствари раст од 7,5 отсто

Индексот на индустриското производство на Турција во месец февруари оваа година во споредба со истиот месец минатата (2019) година оствари раст од 7,5 отсто.
Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), индустриското производство ослободено од календарското влијание во месец февруари годинава (2020) во споредба со истиот месец (февруари) минатата (2019) година забележа раст од 7,5 отсто, а индексот на индустриското производство неослободено од календарското влијание раст од 10,5 отсто.
Кога ќе се анализираат подсекторите на индустријата, индексот на секторот на рударство и каменоломство во февруари оваа година споредено со истиот месец (февруари) минатата (2019) година оствари раст од 1,7 отсто, индексот на секторот на производствената индустрија раст од 8 отсто и индексот на секторите на електрична енергија, пареа и секторот на производство и дистрибуција на климатизација раст од 4,4 отсто.