Средството за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ од наредната недела на рафтовите во продавниците

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез најави дека домашното и национално средство за дезинфекција на рацете со додаток на руда бор „БОРЕЛ“ („BOREL“) од наредната недела ќе го заземе своето место на рафтовите во продавниците

1396031
Средството за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ од наредната недела на рафтовите во продавниците

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека домашното и национално средство за дезинфекција на рацете со додаток на руда бор „БОРЕЛ“ („BOREL“) од наредната недела ќе го заземе своето место на рафтовите во продавниците и ќе биде изнесен на продажба.

Велејќи дека е започнато со сериско производство на средството за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ („BOREL“), Донмез на својот профил напиша: „Со сите наши институции стоиме покрај нашиот народ во борбата против Ковид-19. Сите заедно ќе ги пребродиме и овие денови.“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во дадената изјава минатиот месец соопшти дека Националниот институт за истражување на бор (БОРЕН) го заврши процесот на истражување и развој  во производството на средства за дезинфекција.

Велејќи дека со добиениот позитивен резултат од овие студии Ети Маден ќе започне со сериско производство на средството за дезинфекција, министерот Фатих Донмез истакна дека средството за дезинфекција на рацете развиено во лабораторијата за истражување и развој на Националниот институт за истражување на бор (БОРЕН) содржи мешавина на етил алкохол, глицерол, бор, алое вера, лаванда, масло од чајно дрво и вода.



Слични вести