ОН предупредија: Поради пандемијата претстои најлошо економско стеснување од Големата криза досега

„Отсега е јасно дека глобалниот раст во 2020 година сигурно ќе биде негативен. Претстои најлошо економско стеснување од Големата криза досега.“ - предупреди мретседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева

1394980
ОН предупредија: Поради пандемијата претстои најлошо економско стеснување од Големата криза досега

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) „се очекува најлошото доживеано економско стеснување од Големата криза од 1930-тите години досега.“

Георгиева, пред пролетните состаноци за 2020 година одржа говор под наслов „Соочување со кризата: Приоритети за глобалната економија“.

Привлекувајќи внимание дека епидемијата на Ковид-19 го нарушува до досега невиден степен во историјата социјалниот и економскиот поредок, Георгиева нагласи дека постои голема неизвесност во врска со длабочината и времетраењето на кризата.

„Отсега е јасно дека глобалниот раст во 2020 година сигурно ќе биде негативен. Претстои најлошо економско стеснување од Големата криза досега.“ - рече Георгиева.

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева истакна дека оваа година ќе биде негативен растот на приходите по глава на жител во повеќе од 170 земји во светот, а воедно нагласи дека се наоѓаат под голем ризик особено земјите во развој и земјите со ниски приходи во Африка, Латинска Америка и Азија.

Инаку, Големата криза којашто започна во 1929 година и продолжи во текот на 1930-сетите години и покрај тоа тоа што беше со епицентар во Северна Америка и Европа создаде разорни влијанија и во останатите делови на светот.



Слични вести