Русија ќе прифати да го намали производството на нафта

Намалување ќе изнесува околу 14 отсто од предвиденото производство за првиот квартал на 2020 година

1394374
Русија ќе прифати да го намали производството на нафта

Русија ќе прифати да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели.

Според веста на руската новинска агенција ТАСС, висок претставник на Министерството за енергетика на Русија рече дека согласно рамките на договорот со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и некои други земји производители кои не се членки на ОПЕК, официјална Москва ќе го прифати предлогот за намалување на производството на нафта за 1,6 милиони барели.

Претставникот рече дека ова намалување ќе изнесува околу 14 отсто од предвиденото производство за првиот квартал на 2020 година.

Саудиска Арабија упати повик до земјите членки на ОПЕК и другите земји производители на нафта кои не се членки на ОПЕК под лидерство на Русија да одржат итен состанок за постигнување фер договор.

Врз база на овој повикм на 9 април преку видеоконференција се одржа состанокот меѓу претставниците на земјите членки на ОПЕК и другите земји производители кои не се членки на ОПЕК.



Слични вести