Марк Мобиус: „Турција постапува правилно со тоа што не ги симнува шалтерите на економијата“

Светот неминовно е дека ќе се соочи со катастрофални последици на изолираната економија

1394668
Марк Мобиус: „Турција постапува правилно со тоа што не ги симнува шалтерите на економијата“

Основачот на компанијата „Мобиус капитал“ Марк Мобиус рече дека преземањето на потребните превентиви во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и несимнувањето на шалтерите на економијата, Турција постапува правилно.

83 годишниот американски инвеститор Марк Мобиус кој на меѓународниот пазар е познат како „инвеститорски гуру“ во Јужноафриканскиот град Дурбан даде изјава за Агенцијата Анадолија и рече:

„Земјите коишто во рамките на борбата против Ковид-19 презедоа мерки со коишто ќе дојде до целосно суспендирање на економијата, неминовно е дека ќе се соочат со катастрофални последици. Мислам дека изолационите политики ќе предизвикаат многу поголема штета отколку полза. Губењето на работата, ќе резултира со неминовни социолошки ефекти како што се самоубуства. Гледано од тој ааспект сакам да кажам дека сме во многу тешка состојба.

Чекорите што ги фрли Турција во рамките на борбата против Ковид-19  во суштина влеваат надеж.

Ние инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во Турција. Програмата во врска со Ковид-19 што ја спроведува Турција станува причина да бидат отимист во однос на турската економија.“

Мобиус предупреди дека глобалната рецесија предизвкана од изолираните економии овојпат ќе биде навистина многу поостра. Исто така и САД треба да води грижа за својата економија, а гледаме дека почна да валдее загриженост и во ЕУ околу економијата.



Слични вести