Зголемена побарувачка од САД, Италија и Шпанија за свежото овошје и зеленчукот од Турција

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во месец март е зголемена побарувачката од САД, Италија и Шпанија за свежото овошје и зеленчукот од Турција

1391676
Зголемена побарувачка од САД, Италија и Шпанија за свежото овошје и зеленчукот од Турција

Соединетите Американски Држави (САД), Италија и Шпанија кои привлекуваат внимание по големиот број на човечки загуби и на заразени лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец март, исто така се наоѓаат и меѓу земјите од кои има зголемена побарувачка од свежо овошје и зеленчук од Турција во овој период.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на свежо овошје и зеленчук за САД во месец март се зголеми за 116 отсто, извозот на бродови и јахти за 46 отсто, на житарици за 39 отсто и на теписи за 38 отсто.

Најголемиот извоз во март за САД пак, е остварен од секторот на хемиски материјали и нивни суровини со раст од 18 отсто чија надворешна продажба на годишна база достигна до 83,2 милиони долари.

По овие сектори следуваат одбранбената и воздухопловната индустрија со 66,6 милиони долари, теписите со 63,6 отсто и готовата облека и конфекцијата со 48,5 милиони долари.

Извозот т.е. надворешната продажба за Италија во месец март, во споредба со истиот месец (март) минатата година и тоа со раст од 509 отсто е остварен во свежо овошје и зеленчук.

Еден друг сектор чиј извоз оствари раст во процентуална база е секторот на лешници и прозводи од лешници со раст од 106 отсто.

На чело на секторите со најголем раст во извозот во месец март на годишна база за Шпанија се наоѓаат другите индустриски производи со раст од 201,3 отсто.

По овој сектор следуваат секторот на свежо овошје и зеленчук со раст од  133 отсто, намештајм производи од хартија и шумски производи 32 отсто, житарици, мешункасти производи, маслени семиња и нивни производи 30 отсто и овошје и зеленчук со раст од 26 отсто.

Шпанија минатиот месец (во март) од Турција најмногу купи готова облека и конфекциски производи. 

 



Слични вести