Епидемијата на коронавирусот би можела да ја чини светската економија 4,1 трилион долари

Според извештајот на Азиската банка за развој, епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да ја чини светската економија 4,1 трилион долари

1390782
Епидемијата на коронавирусот би можела да ја чини светската економија 4,1 трилион долари

Азиската банка за развој соопшти дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да ја чини светската економија 4,1 трилиони долари.

Азиската банка за развој го објави својот извештај „Перспективата за развој на Азија за 2020“.

Во извештајот се прави ажурирање на економското влијание на епидемијата на Ковид-19 и се истакнува дека во сценариото поврзано со подолгиот застој на економските активности, поголемите шокови на побарувачка и ширењето на епидемијата кон Европа, Соединетите Американски Држави (САД) и другите големи економии, цената на вирусот би можела да ја чини светската економија 4,1 трилион долари. 

Во извештајот се вели дека тоа значи 4,8 отсто стеснување во бруто домашниот производ (БДП) на глобално ниво. Во сценариото за застој на економските активности во покус временски период и за помали шокови на побарувачка, цената на пандемијата за глобалната криза се ограничува со 2 трилиони долари, а воедно се укажува на тоа дека глобалниот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 2,3 отсто.



Слични вести