Турција од 1 јануари до 25 март оствари извоз на домати во износ од приближно 120 милиони долари

Во периодот 1 јануари-25 март оваа година Турција оствари извоз на домати во странство во износ од 119 милиони 846 илјади долари

1387020
Турција од 1 јануари до 25 март оствари извоз на домати во износ од приближно 120 милиони долари

Извозот на домати коишто се произведуваат во оранжерии претежно во средеземноморската и егејската област во Турција во периодот 1 јануари-25 март оваа (2020) година, во споредба со истиот период минатата (2019) година, со раст од 12,26 отсто достигна до 119 милиони 846 илјади долари.

Заедно со порастот во значителна мера на извозот во наведениот период минатата (2019) година на свеж зеленчук и овошје којшто се остварува од Турција во 85 земји во светот, најзначајниот производ во секторот го сочинуваа доматите.

Според добиени информации од сумираните податоци на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), Турција во периодот 1 јануари-25 март минатата (2019) година оствари извоз на домати во износ од 106 милиони 754 илјади 557 долари, додека во истиот период во оваа (2020) година е остварен извоз на домати во странство во износ од 119 милиони 846 илјади 29 долари.

Во извозот на домати од Турција во голем број земји во светот е реализиран раст од 12,26 отсто.

Воедно и во пиперките како производ со значаен потенцијал во извозот, во споредба со минатата година е постигнат раст од 13,52 отсто. 

Турција во периодот 1 јануари-25 март минатата (2019) година оствари извоз на пиперки во износ од 42 милиони 164 илјади долари, а во истиот период оваа (2020) година овие приходи се зголемени на 47 милиони 865 илјади 628 долари.

Најмногу домати од Турција беа продадени во Украина, Русија и Романија, а најмногу пиперки во Германија, Романија и Русија.



Слични вести