Предупредување од ОЕЦД: Поради епидемијата на Ковид-19 голем број економии ќе влезат во рецесија

Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Ангел Гурија истакна дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) голем број економии во светот ќе влезат во рецесија

1386690
Предупредување од ОЕЦД: Поради епидемијата на Ковид-19 голем број економии ќе влезат во рецесија

Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Ангел Гурија истакна дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) голем број економии во светот ќе влезат во рецесија.

На интернет страницата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е објавен говорот на генералниот секретар Ангел Гурија што го одржа на вонредниот Лидерски самит на Г-20 што се одржа завчера преку видеоконференција, а во рамките на мерките коишто се преземаат во светот против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гурија во својот говор нагласи дека само туристичкиот сектор се соочува со стеснување коешто може да достигне до 70 отсто.

Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Ангел Гурија го рече следното: „За секој едномесечен период којшто поминува под карантин пресметуваме дека ќе се појави штета (загуба) од 2 отсто во растот на бруто домашниот производ (БДП). Голем број економии ќе влезат во рецесија.“

Нагласувајќи дека мерките за народното здравје се неопходни за да се избегне од многу потрагични резултати и многу полоши влијанија на високите трошоци вез економиите во иднина, Гурија го додаде следното: „Успорувањето (намалувањето) на епидемијата и спасувањето на човечките животи треба да бидат приоритет број еден на владите.“



Слични вести