Порака од Турција: Располагаме со доволно производи ѝ за внатрешниот ѝ за надворешниот пазар

„Турција располага со значајно место во извозот во секторот на свеж зеленчук и овошје, така да нема потреба од натрупување на производи во залихи поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)“ - порача Хакки Бахар

1386767
Порака од Турција: Располагаме со доволно производи ѝ за внатрешниот ѝ за надворешниот пазар

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (BAİB) Хакки Бахар во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека Турција располага со значајно место во извозот во секторот на свеж зеленчук и овошје.

Велејќи дека нема потреба од натрупување на производи во залихи поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Бахар истакна дека Турција е земја која е доволна за себе самата па дури да го извезува повеќето од производството. 

Хакки Бахар нагласи дека поради епидемијата на кронавирусот луѓето во паника навалија на маркетите, но напомена дека производите коишто успеваат и произведуваат на териториите на Анадолија се доволни ѝ за внатрешниот пазар ѝ за странство. Тој рече дека извозот на свеж зеленчук и овошје поради Ковид-19 бележи раст.

Подвлекувајќи дека земјите во положба на производители во Европа поради коронавирусот се соочуваат со сериозни тешкотии, претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (BAİB) Хакки Бахар појасни дека е подготвена апликација со којашто можат онлајн да се видат преземените мерте, применувањата и точката до којашто е дојдена епидемијата во земјите во кои се остварува извоз, а воедно додаде дека на тоа во скоро време ќе бидат додадени и инфорации во врска со летовите.



Слични вести