Раст на извозот на туршијата од Турција во светот

Германија со 12 милиони долари се наоѓа на прво место, додека Холандија со 6,3 милиони долари на второ место

1386173
Раст на извозот на туршијата од Турција во светот

По епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Европа и зголемувањето на домашната потрошувачка на туршијата, дојде до зголемување на извозот на туршијата од Турција.

Според податоците на Унијата на извозниците од Егејот, лани Турција во периодот од 1 јануари до 24 март оствари извоз на туршија од 42 милиони долари, додека годинава во истиот период со раст од 28 отсто оствари извоз од 54 милиони долари.

Најголем извоз со 26 милиони долари беше остварен во извозот на туршија од различни видови пиперки/

Со 19 милиони долари на второ место се најдоа киселите краставички, додека до 8 милиони долари на трето место се најде извозот на туршија од мешан зеленчук.

Гледано од аспект на земјите во кои беше остварен најголем извоз на туршија, Германија со 12 милиони долари се наоѓа на прво место, додека Холандија со 6,3 милиони долари на второ место.



Слични вести