ММФ: Брзината на опоравување зависи од брзината на ставање под контрола на коронавирусот

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева истакна дека брзината на опоравување зависи од брзината на ставање под контрола на епидемијата (новиот тип коронавирус/Ковид-19)

1386011
ММФ: Брзината на опоравување зависи од брзината на ставање под контрола на коронавирусот

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева говореше на Лидерскиот самит на Г-20 којшто поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржа во виртуелна средина. 

Георгиева во својот говор овде рече: „Длабочината на економското стеснување и брзината на опоравување се поврзани со брзината на ставање под контрола на епидемијата (новиот тип коронавирус/Ковид-19) и тоа колку се силни и координирани вашите дејствија на монетарна и финансиска политика.“

Георгиева истакна дека оваа година се очекува глобалната економија да покаже намалување, а во 2021 година да се опорави.

Привлекувајќи внимание на значењето на поддршката на економиите во развој како би се помогнало во поднесувањето на товарот на кризата и повторното обезбедување на економскиот раст, претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева подвлече дека земјите со ниски приходи во кризата влегоа со товар на долг и упати повик за заедничко работење против сиве овие наведени тешкотии. 



Слични вести