Турција почнува со производство на средство за дезинфекција со додаток на руда бор

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во пораката што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека Турција почнува со производство на средство за дезинфекција со додаток на руда бор

1384967
Турција почнува со производство на средство за дезинфекција со додаток на руда бор

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во пораката што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во рамките на превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се започне со сериско производство на средство за дезинфекција на рацете со додаток на руда бор.

Министерот Донмез го информирал претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со чекорите коишто се фрлаат за доставување на непрекината услуга, а во склопот на мерките коишто се преземаат во борбата против коронавирусот.

"По инструкција на нашиот претседател, почнуваме со сериско производство на средство за дезинфекција на рацете со додаток на руда бор, а чии студии за истражување и развој ги завршивме. Во најскоро време ќе го ставиме во услуга на нашите граѓани." - рече министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.



Слични вести