Автомобилските гиганти ќе произведуваат апарати за дишење

Џенерал моторс, Форд и Тесла соопштија дека земајќи го во предвид порастот на бројот на заразените случаи од епидемијата на Ковид-19 и недоволните залихи, во борбата против новиот тип на коронавируот (Ковид-19) ќе ги мобилизират своите можности

1384297
Автомобилските гиганти ќе произведуваат апарати за дишење

Меѓународните автомобилски гиганти во знак на поддршка на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ќе почнат со производство на апарати за дишење и друга медицинска опрема.

Според една веста на БиБиСИ, американските автомобилски компании Џенерал моторс, Форд и Тесла соопштија дека земајќи го во предвид порастот на бројот на заразените случаи од епидемијата на Ковид-19 и недоволните залихи, во борбата против новиот тип на коронавируот (Ковид-19) ќе ги мобилизират своите можности за производство на апаратите за дишење и друга медицинска опрема.

Овој потфат на автомобилските производители беше објавен по соопштението на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) дека со цел да се зголеми капацитетот на производството на апаратите за дишење, ќе бидат олеснети досега предвидените услови и спецификации за набавка и критериуми за медицинските апарати и опрема.

Јапонскиот автомобилски производител Нисан формираше партнерство со американскиот производител на спортски автомобили МекЛарен и британската компанија за одбрана, воздухопловство и вселенски истражувања Мегит за роизводство на нов апарата за дишење.

Индиската автомобилска компанија Махиндра Груп која важи за еден од најголемите производители на трактори соопшти дека почна со активностите за производство на апарати за дишење.

Претставниците на екипите кои се натпреваруваат на трките Формула 1 во Британија во заедничкото соопштение кое го објавија на почетокот на минатата недела изразија спремност за обезбедување технолошка, дизајнерска и производствена поддршка на владините и здравсвените установи за производство на медицинската опрема.

Министерот за здравство Фахретин Коџа во вчерашната изјава за печатот рече дека Турција почнува со производството на нова серија домашни апарати за дишење.



Слични вести