Неограничено купување на средства од страна на ФЕД за поддршка на пазарите

Во текот на оваа недела секој ден ќе се врши откуп на државни обврзници во износ од 75 милијарди долари и станбени кредити во износ од 50 милијарди долари кои ќе се засноваат на хартии од вредност.

1383507
Неограничено купување на средства од страна на ФЕД за поддршка на пазарите

Американската Централна банка (ФЕД) објави нови мерки во знак на поддршка на економијата што ги опфаќа и неограниченото купување на средства од страна на ФЕД.

Во соопштението на ФЕД се потенцира дека епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е причина за големи тешкотии во САД и светот.

Економијата се соочува со сериозен застој и назадување, поради што треба да се преземат остри мерки и санкции како во јавниот така и во приватниот сектор за ограничување и брзо закрепнување на бизнис загубите.

Во соопштението се потенцира дека Централната банка ФЕД е решителна во искорисувањето на сите средства за обезбедување на протокот на кредитите за домаќинствата и фирмите и/или компаниите и поддршка на целите за максимално вработувње и ценовната стабилност. Исто така за непречено функционирање на пазарите и обезбедување влијателна трансформација на монетарните политики, ФЕД ќе оствари куповина на хартии од вредност кои се засноваат на државни обврзници и станбени кредити (Моргч), а на откупот на хартиите од вредност кои се засноваат на државни обврзници ќе се додаде и откуп на хартии од вредност кои се засноваат на тговски станбени кредити.

Во соопштението беше истакнато дека банката ќе продолжи со големи ноќни репоа и временски ограничени операции.

Со новите програми коишто планираме да ги формираме, се предвидува поддршка на кредитните токови на вработените, потрошувачите и фирмите и во тие рамки ќе се обезбедат околу 300 милијарди нови финансиски средства. Државниот трезор на Фондот за стабилност на беррите ќе му обезбеди сопствени средства во износ од 30 милијарди долари.

Меѓудругото, во соопштението кое беше објавено истовремено и од страна на филијалата на ФЕД во Њујорк беше истакнато дека во текот на оваа недела секој ден ќе се врши откуп на државни обврзници во износ од 75 милијарди долари и станбени кредити во износ од 50 милијарди долари кои ќе се засноваат на хартии од вредност.



Слични вести