Турција од 1 јануари до 19 март од извозот на свеж зеленчук и овошје заработи 581 милион долари

Турција во периодот 1 јануари-19 март оваа (2020) година оствари извоз на свеж зеленчук и овошје од 956 илјади тони и од тоа заработи приходи во износ од 581 милион долари

1382729
Турција од 1 јануари до 19 март од извозот на свеж зеленчук и овошје заработи 581 милион долари

Извозот на свеж зеленчук и овошје на Турција во периодот 1 јануари-19 март оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година со раст од 27,6 отсто изнесува 581 милион долари.

Претседателот на Унијата на извозниците од западно средоземноморската област Хакки Бахар истакна дека во период кога поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доживува застој во извозот во некои сектори, во секторот на свеж зеленчук и овошје се остварува раст. 

Појаснувајќи дека минатата година во периодот 1 јануари-19 март во секторот на свеж зеленчук и овошје е остварен извоз од 858 илјади тони и од тоа се заработени приходи во износ од 455 милиони долари, Хакки Бахар рече: "Во истиот период оваа година пак, е остварен извоз на свеж зеленчук и овошје од 956 илјади тони и се заработени приходи во износ од 581 милион долари. На база на килограми постои раст од 11,35 отсто, а во точката на девизните приходи има раст од 27,6 отсто."

Тој истакна дека во наведениот период во секторот е реализиран извоз во 85 земји.

Хакки Бахар се осврна на тоа дека на прво место во извозот се наоѓа Русија, а воедно информира дека по Русија следуваат редум Романија, Украина, Ирак, Германија, Бугарија, Полска, Србија, Грузија и Саудиска Арабија.



Слични вести