Турција од извозот на цитрусно овошје во периодот јануари-февруари заработи 228 милиони долари

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека Турција од извозот на цитрусно овошје во периодот јануари-февруари оваа (2020) година заработи приходи во износ од 2278 милиони долари.

1381290
Турција од извозот на цитрусно овошје во периодот јануари-февруари заработи 228 милиони долари

Турција од извозот на цитрусно овошје во периодот јануари-февруари оваа (2020) година заработи приходи во износ од 2278 милиони долари.

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека во периодот јануари-февруари минатата (2019) година од остварен извоз на 399 илјади тони цитрусно овошје се заработени приходи во износ од 170 милиони долари, додека во истиот период (јануари-февраури) од оваа (2020) година од 442 тони цитрусно овошје се заработени 228 милиони долари.

Велејќи дека извозот во европските земји продолжува во позитивна насока, Качмаз рече: „Во Полска минатата година е остварен извоз на 8 илјади тони, а оваа година 16 илјади тони. Нашиот извоз за Германија кој изнесуваше 3 илјади тони, е остварен над 5 илјади тони.На база на производи пак постои раст во извозот на мандарини, портокали и грејпфрут.

Кемал Качмаз додаде дека најголем извоз во последните 2 години е остварен за Русија, Украина, Ирак, Романија и Полска.



Слични вести