Продолжуваат загубите на руските пазари

Руската рубља изгуби вредност наспроти доларо од 0,3 отсто

1381180
Продолжуваат загубите на руските пазари

Постојаниот пад на цената на нафтата во последно време предизвика пад на руската рубља, зголемување на назадувањето на вредноста на рубљата наспроти доларот дури до ниво од 81, а исто така продолжуваат и загубите на берзата.

Како последица на ризикот од епидемијата на коронавирусот во светот и намалувањето на цената на нафтата, руската рубља изгуби вредност наспроти доларо од 0,3 отсто и се искачи на ниво од 81, додека наспроти еврото изгуби вреднст од 1,3 отсто и се искачи на ниво од 89,5.

Московската берза (МИЦЕКС) веднаш по отворањето малку се закрепна, но по одреден период повторно почна да паѓа и со загуба од 0,98 отсто се намали на 2091 поени, така што индексот РТС се намали за повеќе од 2 отсто и се намали на 814 поени.

Вчера, цената на еден барел сирова нафта од типот Брент се намали дури за 15 отсто и од мај 2003 година првпат се намали на нив под 25 долари.



Слични вести