Епидемијата на Ковид-19 во Германија ја зголеми побарувачката за турската колонска вода

Сопственикот на една фирма за производство на козметички производи во Германија Булент Емекчи истакна дека не можат да стасаат за производство и пакување на колонската вода во чија побарувачка речиси е доживеан бум, по појавата на вирусот

1380673
Епидемијата на Ковид-19 во Германија ја зголеми побарувачката за турската колонска вода

Во Германија деновиве се доживува зголемена побарувачка за турска колонска вода којашто се користи како средство за дезинфекција за заштита од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Сопственикот на една фирма за производство на козметички производи во своите сопствени постројки во Морфелден-Валдорф во близина на градот Франкфурт во Германија, Булент Емекчи даде изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“.

Емекчи истакна дека не можат да стасаат за производство и пакување на колонската вода во чија побарувачка речиси е доживеан бум, по појавата на вирусот.

Привлекувајќи внимание дека особено поради случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е зголемена побарувачката за колонската вода во земјата, Булент Емекчи го рече следното: „Основната суровина на колонската вода ја носиме од Турција и во нашите сопствени постројки за производство во Германија ја подготвуваме колонската вода и ја дистрибуираме низ целата земја. Поради епидемијата на вирусот во последно време се соочуваме со тешкотии за обезбедување на зголемената побарувачка на колонска вода. Дневно работиме во две смени и произведуваме по 12 илјади шишиња колонска вода.“



Слични вести