Новиот тип коронавирус би можел да ја чини светската економија 347 милијарди долари

Според извештајот на Азиската банка за развој (АБР), епидемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19) би можела да ја чини светската економија 347 милијарди долари

1379757
Новиот тип коронавирус би можел да ја чини светската економија 347 милијарди долари

Новиот тип коорнавирус (Ковид-19) би можел да ја чини светската економија 347 милијарди долари.

Според извештајот на Азиската банка за развој (АБР),  поради епидемијата се предвидува да опадне економскиот раст во оваа година во Азија како пазар во развој и општо во светот.

Азиската банка за развој (АБР), според најдоброто сценарио за коешто се предвидува да трае 2 месеци очекува Ковид-19 да ја чини светската економија 76,6 милијарди долари, во случај да трае 3 месеци 155,9 милијарди долари, а во случај да трае 6 месеци очекува да достигне до 346,9 милијарди долари.

Според најдоброто сценарио се прогнозира пад во глобалната економија од 0,08 отсто, според умереното сценарио пад од 0,18 отсто и според најлошото сценарио пад од 0,40 отсто.

И во трите сценарија, коронавирусот ќе ја чини Кина две третини од вкупните глобални трошоци.



Слични вести