Турција во периодот јануари-февруари со вишок во буџетот од над 14 милијарди турски лири

Турција во периодот јануари-февруари оствари суфицит (вишок) во буџетот во износ од 14 милијарди 139 милиони турски лири (приближно 2 милијарди евра)

1379047
Турција во периодот јануари-февруари со вишок во буџетот од над 14 милијарди турски лири

Буџетот на Турција во јануари-февруари оствари суфицит (вишок) од 14 милијарди 139 милиони турски лири (приближно 2 милијарди евра).

Министерството за трезор и финансии ги соопшти резултатите од применувањето на буџетот за периодот јануари-февруари во 2020 година.

Според тоа, буџетските приходи во месец февруари оваа година во споредба со истиот месец (февруари) минатата (2019) година со раст од 28,6 отсто изнесуваа 86 милијарди 136 милиони турски лири (приближно 12 милијарди евра), додека буџетските расходи со раст од 11,7 отсто изнесуваа 93 милијарди 499 милиони турски лири (приближно 13 милијарди евра).

Во периодот јануари-февруари пак, споредено со истиот период од 2 месеци буџетските приходи со раст од 27,1 отсто изнесуваа 208 милијарди 306 милиони турски лири (приближно 29 милијарди евра), а буџетските расходи со раст од 10,6 отсто изнесуваа 194 милијарди 168 милиони турски лири (приближно 27 милијарди евра).

На тој начин, буџетот на централната влада во месец февруари беше со дефицит (загуба) од 7 милијарди 363 милиони турски лири, а  во периодот јануари-февруари оствари суфицит (вишок) од 14 милијарди 139 милиони турски лири (приближно 2 милијарди евра).



Слични вести