Американската банка ФЕД по втор пат ја намали политиката на каматната стапка

Пауел: „Се надеваме дека кога ќе ги пребродиме последните случувања во економијата и ќе бидеме сигурни дека постигнавме максимално вработување и ценовна стабилност, стапката ќе ја продолжиме да ова ниво“

1379117
Американската банка ФЕД по втор пат ја намали политиката на каматната стапка

Американската централна банка (ФЕД) уште еднаш ја намали политиката на каматната стапка од 0-0,25 отсто и на тој начин започна монетарната експанзија за околу 700 милијарди долари.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ФЕД беше истакнато дека новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) нанесе штета на низа државви вклучувајќи ги и САД, поради што дојде до застој на економските активности и неповолен одраз врз глобалните финансиски услови.

Претседателот на банката ФЕД Џером Пауел во врска со повлекувањето на каматната стапка за 0-0,25 отсто рече:

„Се надеваме дека кога ќе ги пребродиме последните случувања во економијата и ќе бидеме сигурни дека постигнавме максимално вработување и ценовна стабилност, стапката ќе ја продолжиме да ова ниво.“

Пауел во врска со инфационата стапка рече дека под вијание на епидемијата најверојато до крајот на годината ќе биде потисната и дека финансиските услови во значајна мера ќе се затегнат.



Слични вести