Зголемен извозот на маски и конфекција од Турција во Кина

Според податоците од Собранието на извозниците на Турција, извозот на облека и конфекција во февруари од Турција во Кина забележа раст од околу 500 отсто

1372557
Зголемен извозот на маски и конфекција од Турција во Кина

Епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) кој се појави во Кина предизвика да дојде до енормно зголемување и рекорден пораст во продажбата на маските за еднократна употреба, облеката и конфекцијата од Турција за оваа земја.

Околу половина од извозот на Турција во Кина се состои токму од продажбата на маските.

Според податоците од Собранието на извозниците на Турција, извозот на облека и конфекција во февруари од Турција во Кина забележа раст од околу 500 отсто.

Надворешната продажба на облека и конфекција во февруари во Кина од 5 милиони 96 илјади долари се зголеми на 30 милиони 500 илјади долари.

Со овој пораст, зголемената побарувачка кон маските за еднократна употреба поради епидемијата од Ковид-19 се најде на прво место.

Извозот на маските за еднократна употреба во февруари од Турција за Кина според податоците достигна 13 милиони 527 илјади долари.



Слични вести