Истанбул во јануари го посетија над 1 милион странски туристи

Валијата на Истанбул Али Јерликаја соопшти дека бројот на странските посетители кои дојдоа во Истанбул во месец јануари 2020 година изнесува 1 милион 17 илјади 34 лица

1367342
Истанбул во јануари го посетија над 1 милион странски туристи

Бројот на странските туристи кои дојдоа во Истанбул во месец јануари оваа (2020) година, во споредба со истиот месец минатата година со остварен раст од над 10-отсто изнесува над 1 милион лица.

Валијата на Истанбул Али Јерликаја соопшти дека бројот на странските посетители кои дојдоа во Истанбул во месец јануари 2020 година изнесува 1 милион 17 илјади 34 лица.

Според добиени информации од споделената објава на профилот на валијата на Истанбул Али Јерликаја на социјалната мрежа Твитер, кога ќе се направи споредба со истиот месец јануари, минатата 2019 година, ќе се установи дека е остварен раст од 10,67 отсто во бројот на странските посетители кои допатуваа во Истанбул .



Слични вести