Фич: „Имаме поголема доверба дека во скоро време ќе се подобри економскиот раст во Турција“

Годинава во Турција очекуваме зголемување на стапката на економскиот раст на 3,9 отсто

1367806
Фич: „Имаме поголема доверба дека во скоро време ќе се подобри економскиот раст во Турција“

 

Даглас Винслоу, директорот на Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ рече дека имаат поголема доверба дека во блиска иднина ќе се подобри економскиот раст во Турција.

Винслоу во изјавата во врска со економскиот преглед на Турција рече дека годинава очекуваат зголемување на стапката на економскиот раст во Турција на 3,9 отсто.

Исто така очекуваме и раст на перцепцијата за инвестирање, рече Винслоу и додаде:

„Исто така очекуваме и инвестициите годинава да се трансформираат и достигнат економски раст од 3 отсто“.

Во 2020 година се очекува зголемување на стапката на економскиот раст, а фактот дека во претстојните 3,5 години нема да има вонредни избори во Турција, претставува извонредна можност за остварување на реформите, рече Виснлоу.

Прогнозите за економскиот раст на Турција во 2020 се претпоставува дека од 3,1 отсто ќе се зголеми на 3,9, додека во 2021 година од 3,6 отсто ќе се зголеми на  4.0 отсто.

Меѓудругото, потенцијалот на трендот на економски раст на Турција на подолг временски период се претпоставува дека ќе изнесува околу 4,3 отсто, рече Винслоу.



Слични вести