Кина почна да увезува маски од Турција за заштита од коронавирусот

Турските фирми кои месечно произведуваат по 10 милиони заштитни маски, по зголемената побарувачка од Кина го зголемија својот капацитет на производство за три пати

1366702
Кина почна да увезува маски од Турција за заштита од коронавирусот

Кина која поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) има потреба од медицински маски, почна да увезува маски од Турција.

Турските фирми кои месечно произведуваат по 10 милиони маски, по зголемената побарувачка од Кина го зголемија својот капацитет на производство за три пати.

Инаку, хигиената т.е. чистотата на рацете се наоѓа на прво место меѓу решенијата за заштита од епидемијата на новиот тип коронавирус којашто се појави во Кина и оттука се прошири во голем број земји.

Исто така меѓу ефикасните решенија за заштита е и користењето на медицинска маска од којашто се доживува голем недостаток во Кина и во голем број други земји во светот.



Слични вести