Турскиот ајран во 2019 година се најде на трпезата на 12 земји во светот

Според добиени податоци од Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), Турција минатата година оствари извоз на 1.667 тони ајран и од тоа заработи приходи во износ од 924.226 долари

1364038
Турскиот ајран во 2019 година се најде на трпезата на 12 земји во светот

Турскиот ајран во минатата (2019) година го зазеде своето место на трпезите на 12 земји во светот.

Според добиени податоци од Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), Турција минатата година оствари извоз на 1.667 тони ајран и од тоа заработи приходи во износ од 924.226 долари.

Овие приходи во претходната 2018 година изнесуваа на ниво од 878 илјади долари.

Во 2019 година беа произведени 720 илјади тони ајран коишто беа извезени во 12 земји во светот.

Така турскиот ајран го зазеде своето место на трпезите во Грузија, Либија, Азербејџан, САД, Либан, Кувајт, Катар, Сирија, Ирак, Авганистан, Обединетите Арапски Емирати и Туркменистан.

 



Слични вести