Турските текстилни производи промовирани во Париз

На двата саеми „Premiere Vision Paris“ и „Texworld Paris“ коишто се одржаа истовремено во главниот ргад на Франција, Париз, учествуваа 290 фирми од Турција

Турските текстилни производи промовирани во Париз

Членовите на Унијата на извозниците на текстил Улудаг (UTİB), учествуваа на саемите „Premiere Vision Paris“ и „Texworld Paris“ коишто се одржаа истовремено во главниот ргад на Франција, Париз.

Според објавеното соопштение од Унијата, на наведените два саеми учествуваа 290 фирми од Турција.

На саемите на коишто се одредуваат трендовите за пролет/лето 2021-2022 година беа претставени голем број текстилни производи и групи производи од кожа до штофови и од реквизити до готова облека.

На штандот на Унијата на извозниците на текстил Улудаг (UTİB) беше раздадено и списанието „Turkish Fashion Fabrics (TFF) Magazine“ коешто е подготвено со цел промовирање на секторот на турски штофови во светот, развивање на имиџот на секторот и со тоа преземање на предводничка улога во неговото брендирање во странство, зголемување на неговиот удел на актуелните пазари и развивање на извозот со целните земји.

 



Слични вести