Турција на шестото место во светот по бројот на посетители во 2019 година

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), Турција стана шеста земја која пречека најголем број посетители во светот во минатата (2019) година.

Турција на шестото место во светот по бројот на посетители во 2019 година
Turkiye turistler.jpg

Турција, стана шеста земја која пречека најголем број посетители во светот во минатата (2019) година.

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), познати се земјите кои пречекаа најголем број туристи во 2019 година.

Според тоа, Турција која минатата година го собори рекордот во историјата на Републиката во споредба со претходната (2018) година со раст од 14 отсто пречека вкупно 52,5 милиони туристи.

Со оваа бројка, Турција на листата на земјите кои во 2019 година пречекаа најголем број туристи во светот, се најде на шестото место.

На истата листа, на првото место со најголем број посетители се наоѓа Франција која пречека над 90 милиони туристи.

По Франција, на второ место е Шпанија со 83,8 милиони посетители, на трето место САД со 78,7 милиони, на четврто Кина со 67,5 милиони, а на петто место е Италија со 64,6 милиони посетители.

Други земји кои се најдоа меѓу 10-те земји кои пречакаа најголем број посетители во 2019 година во светот по шестопласираната Турција се редум Мексико, Тајланд, Германија и Велика Британија.

Узбекистан, Азербејџан и Казахстан, исто така влегоа меѓу првите 20 туристички дестинации со најбрз раст.

На листата на земјите кои минатата (2019) година изгубија најголем број посетители пак, на прво место се наоѓа Хонгконг.



Слични вести