Во Истанбул започна манифестацијата „Денови на можноста за злато и дијаманти“

Цената на дијамантските прстени се движи од 600 до 15 илјади лири

Во Истанбул започна манифестацијата „Денови на можноста за злато и дијаманти“
altin mucevher pirlanta taki.jpg
altin mucevher pirlanta taki.jpg
pirlanta altin.jpg
altin mucevher pirlanta taki.jpg
altin.jpg

Во рамките на Деновите за можност за злато и дијаманти во Истанбул, различни видови прстени, ѓердани, обетки, белезици, сетови, мини сетови, илјадници златни, дијамантски и други украсни производи од разновидни обоени скапоцени камења ги очекуваат купувачите.

Во плазата „Crowne“ во Флорја во Истанбул започна манифестацијата „Денови на можност на злато  дијаманти“.

Манифестацијата ќе заврши на 14 февруари петок, а ќе биде отворена секој оден од 11.00 до 20.30 часот.

Десетици илјадници различни производи од злато и дијаманти, скапоцени камења ги очекуваа купувачите во рамките на манифестацијата „Денови на можноста за злато и дијаманти“.

Меѓу најскапоцените производи на саемот се наоѓа ѓерданот чија вредност изнесува околу 600 илјади турски лири а кој се состои од 44 каратен смарагд, дијаманти од 8,77 карати, а кој се продава по цена од 350 илјади турски лири.

Додека сетот од 650 илјади лири и 44 каратен дијамант се продава по цена од 325 илјади лири.

Големо внимание на манифестацијата привлекуваат прстените со дијаманти чија цена почнува од 595 лири и достигнува дури 150 илјади лири, како и дијамантските багет прстени чија цена се менува од 3 илјади до 60 илјади лири.

Златните белезици (лисици) од 14 карати се продаваат по цена од 2 илјади до 6 илјади лири.

Цената на дијамантските прстени се движи од 600 до 15 илјади лири.

Една фирма очекува купувач на една круна со дијаманти без преседан од 60 илјади лири.

Шалот од 181 грама злато кој се наоѓа меѓу уникатните производи на манифестацијата од 75 илјади се продава за 57 илјада лири.

На Саемот „Денови на можноста за злато и дијаманти“ учествуваат 25 фирми а се продаваат и користени (половни) производи. Цената на користените производи се движи од 700 до 20 илјади лири.



Слични вести