Албајрак: Во 2020 година е даден позитивен старт согласно целите и проекциите

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак информира дека во 2020 година е даден позитивен старт согласно целите и проекциите

Албајрак: Во 2020 година е даден позитивен старт согласно целите и проекциите

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, денеска говореше на средбата со деловниот свет во градот Кахраманмараш кадешто истакна дека минатата година беше затворена со перформанс над сите негативни очекувања во инфлационата стапка, курсот, каматните стапки и во растот.

Албајрак информира дека во 2020 година е даден позитивен старт согласно целите и проекциите.

„Борбата против инфлацијата продолжуваме во согласност со нашите цели. Ќе ја доловиме и нашата цел од 4,9 отсто што ја поставивме. По постигнатиот успех во борбата против инфлацијата продолжува и процесот на опаѓање во каматните стапки којшто започна со потезите на Централната банка.“ - рече Албајрак.

Тој нагласи дека борбата против инфлацијата и каматите ќе продолжи да претставува приоритет меѓу политиките во 2020 година.

Велејќи дека сите бројки во јануари 2020 година почнаа да пристигнуваат над очекувањата, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак го додаде следното: „Јануари е вака, доколку февруари и март продолжат на ист начин многу јасно велам дека во првиот квартал на 2020 година би можеле да зборуваме за бројки на раст од над 5 базни поени.“



Слични вести