Познатиот туристички центар Кападокија во јануари го посетија над 159 илјади лица

Областа Кападокија којашто е позната по своите интересни конусни камени облици „Самовилски оџаци“, балоните со топол воздух, подземните градови, хотелите издлабени во карпи и подземните цркви во јануари го посетија 159.245 домашни и странски туристи

1353562
Познатиот туристички центар Кападокија во јануари го посетија над 159 илјади лица

Кападокија, едниот од најзначајните и најпознатите туристички места на Турција во месец јанаури 2020 година го посетија 159.245 лица.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Невшехир, областа Кападокија којашто е позната по своите интересни конусни камени форми „Самовилски оџаци“, балоните со топол воздух, подземните градови, хотелите издлабени во карпи и подземните цркви од првите периоди на христијанството, во месец јануари го посетија вкупно 159.245 домашни и странски туристи.

Музејот под отворено небо Ѓореме, како еден од музеите во склопот на градската дирекција за култра и туризам, со 59.096 лица стана место коешто привлече најголем број посетители.

Археолошкиот локалитет Зелве го посетија 31.857 лица, а подземниот град Кајмакли го попсетија и прошетаа 26.385 домашни и странски туристи.



Слични вести