Турција во 2019 година оствари извоз од 171 милијарда 531 милион долари

Турција во 2019 година во споредба со претходната (2018) година со раст од 2,1 отсто оствари извоз во износ од 171 милијарда 531 милион долари

1351041
Турција во 2019 година оствари извоз од 171 милијарда 531 милион долари

Извозот на Турција во 2019 година во споредба со претходната година оствари раст од 2,1 отсто и се зголеми на 171 милијарда 531 милион долари.

Соопштени се привремените надворешно трговски податоци  во врска со 2019 година подготвени во соработка помеѓу Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и Министерството за трговија. 

Според тоа, Турција минатата (2019) година во споредба претходната (2018) година со раст од 2,1 отсто оствари извоз во износ од 171 милијарда 531 милион долари.

Увозот пак, во 2019 година во споредба со 2018 година се намали за 9,1 отсто и опадна на 202 милијарди 705 милиони долари.

Воедно и надворешно трговскиот дефицит се намали за 43,5 отсто и изнесува 31 милијарда 174 милиони долари.

Со 15 милијарди 435 милиони долари Германија стана земја во која Турција минатата година оствари најголем извоз.

По оваа земја следуваат Обединетото Кралство со остварен извоз од 10 милијарди 870 милиони долари, Италија со 9 милијарди 300 милиони долари, Ирак со 8 милијарди 999 милиони долари, Америка со 8 милијарди 58 милиони долари.

Во увозот во Турција пак, на прво место се наоѓа Русија со 22 милијарди 454 милиони долари.

По оваа земја следуваат Кина од која е остварен увоз од 18 милијарди 497 милиони долари, Германија 17 милијарди 976 милиони долари, Америка 11 милијарди 186 милиони долари и Италија 8 милијарди 612 милиони долари.



Слични вести