Пораст на индексот на доверба на потрошувачите

Индексот на доверба на потрошувачите во јануари во споредба со претходниот месец се зголеми за 0,1 отсто и достигна 58,82 отсто

1346087
Пораст на индексот на доверба на потрошувачите

Индексот на доверба на потрошувачите во јануари во споредба со претходниот месец се зголеми за 0,1 отсто и достигна 58,82 отсто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави податоците за индексот на доверба на потрошувачите за јануари.

Според резултатите од заедничката анкета на Заводот ТУИК и Централната банка, сезонскиот прилагоден индекс на доверба на потрошувачите во јануари во споредба со претходниот месец се зголеми за 0,1 отсто. Додека индексот во декември изнесуваше 58,77, во јануари се зголеми на 58,82 отсто.

Индексот на очекување на финансиска состојба на домаќинството во наведениот период се зголеми за 2,3 отсто и достигна 79,5. Очекувањата за општата економска состојба во јануари се зголеми за 1,1 отсто и достигна 77,4 отсто.



Слични вести