Турција во 2019 година најмногу лешници и продаде на Италија

Турција во 2019 година најмногу и продаде лешници на Италија кадешто се извезени 83 илјади 898 тони лешници и од тоа се заработени приходи во износ од 547 милиони 588 илјади долари

Турција во 2019 година најмногу лешници и продаде на Италија

Турција која го држи во свои раце поголемиот дел од производството и пазарот на лешници во светот, во 2019 година најмногу лешници и продаде на Италија.

Според добиени информации од Унијата на извозниците на лешници и производи од лешници на црноморската област (КФМИБ), Турција минатата (2019) година во 121 земја  извезе 319 илјада 772 тони лешници и од тоа  заработи приходи во износ од 2 милијарди 28 милиони 727 илјади долари.

Италија, ја остави зад себе Германија земјата лидер во последните 9 години меѓу земјите во кои е остварен најголем извоз на лешници, и се најде на првото место во извозот на лешници. 

Турција во 2019 година и продаде на Италија 83 илјади 898 тони лешници во износ од 547 милиони 588 илјади долари.

По Италија, земји во кои се извезени најмногу лешници редум се Германија и Франција. 

Во Германија е остварен извоз на 73 илјади 467 тони лешници во износ од 434 милиони 806 илјади долари, а во Франција извоз на 22 илјади 719 тони лешници во износ од 147 милиони 75 илјади долари.

Порастот во извозот на лешници за Народна Република Кина пак, привлече внимание. 

На оваа земја и беа продадени 11 илјади 180 тони лешници и се заработени приходи од 87 милиони 179 илјади долари.

Со овие бројки Кина се најде на 6-тото место меѓу 121 земја.



Слични вести