Од градот Афјонкарахисар се остварува извоз на турски локуми во 50 земји на 6 континенти

Во Афјонкарахисар со секој поминат ден се повеќе се зголемува количината на производство на локуми под географската ознака „Афјонски локум“

1336484
Од градот Афјонкарахисар се остварува извоз на турски локуми во 50 земји на 6 континенти

Турските локуми кои се произведуваат од страна на една кондиторска компанија во градот Афјонкарахиосар, се извезуваат во 50 земји на 6 континенти.

Во Афјонкарахисар со секој поминат ден се повеќе се зголемува количината на производство на локуми под географската ознака „Афјонски локум“.

Директорот за извоз на една фирма која делува во оваа сфера во градот Афјонкарахисар Мустафа Четин Караѓоз истакна дека локумите коишто ги произведуваат ги извезуваат во 50 земји на 6 континенти и рече: „Имаме годишно производство на 650 тони локуми. 450-490 тони од нив се извезуваат. Остваруваме извоз од Сицилија до САД, од Катар до Франција и Англија. Исто така сме познат и баран бренд и во Австралија, Чиле, Аргентина, Турските Републики, Мароко, Тунис и Алжир. Се наоѓаме на сериозно место и во Израел.“

Караѓоз, воедно го додаде и тоа дека 32 години како произведуваат турски локум.



Слични вести