Туркиш Ерлајнс во новата 2020 година ќе почне да лета за 4 нови меѓународни дестинации

Турската авиокомпанија „ТХЈ“ (Туркиш ерлајнс) моментално ги заврши сите процедури за приклучување кон својата мрежа на летови и на дестинациите Малабо (Екваторска Гвинеја), Ханеда (Токио, Јапонија), Њуарк (САД) и Ванкувер (Канада)

1332977
Туркиш Ерлајнс во новата 2020 година ќе почне да лета за 4 нови меѓународни дестинации

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш ерлајнс) на својата мрежа на летови во новата 2020 година ќе им додаде уште 4 нови меѓународни дестинации и тоа главниот град на Екваторска Гвинеја Малабо, аеродромот „Ханеда“ во главниот град на Јапонија Токио, градот Њуарк во САД и градот Ванкувер во Канада.

Турската авиокомпанија ТХЈ, како авиопревозник кој лета во најголем број земји и најголем број меѓународни дестинации во светот, 2019 година ја затвори со остварување на летови за 126 земји и 318 градови, додека својата мрежа на летови за нови дестинации ќе продолжи да ја прошири и во новата 2020 година.

Во тие рамки, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш ерлајнс) моментално ги заврши сите процедури за приклучување кон својата мрежа на летови и на дестинациите Малабо, Ханеда, Њуарк и Ванкувер.

Дестинацијата за градот Осака во Јапонија, во новата 2020 година повторно ќе биде ставена во примена со 4 фреквенции на летови.

Освен тоа, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш ерлајнс) заклучно со летната тарифа на летање во 2020 година ги зголемува и своите фреквенции на летови за Сингапур, Куала Лумпур, Лос Анџелес и Вашингтон ДЦ.



Слични вести