Турција за 11 месеци во 2019 година пречека вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители

Министерството за култура и туризам соопшти дека бројот на странските посетители кои допатуваа во Турција во периодот јануари-ноември во 2019 година, за 11 месеци, изнесува вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители

1332035
Турција за 11 месеци во 2019 година пречека вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители

Турција за 11 месеци во 2019 година пречека вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за култура и туризам, бројот на странските посетители кои допатуваа во Турција во ноември годинава (2019 година) во споредба со истиот месец (ноември) минатата (2018) година со раст од 11,41 отсто изнесува 2 милиони 190 илјади 622 лица.

Според податоците на министерството за периодот јануари-ноември во 2019 година пак, бројот на странските посетители кои допатуваа во Турција за 11 месеци со раст од 14,31 отсто споредено со истиот период од 11 месеци минатата (2018) година, изнесува вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители.

Според редоследот на земјите од кои се дојдени најголем број посетители за 11 месеци оваа година во Турција, во споредба со истиот 11 месечен период минатата година на прво место со раст од 17,42 отсто се наоѓа Руската Федерација со 6 милиони 887 илјади 136 лица), втора е Германија со раст од 11,57 отсто и 4 милиони 835 илјади 626 лица, а на трето место е Англија со раст од 13,30 отсто и 2 милиони 506 илјади 246 лица.

По Англија пак, редум следуваат Бугарија и Иран.

Во месец ноември оваа (2019) година пак, споредено со истиот месец (ноември) минатата (2018) година, на прво место со раст од 8,35 отсто со 230 илјади 220 лица е Бугарија, втора Руската Федерација со раст од 36,85 отсто со 192 илјади 683 лица, а на трето место е Германија со раст од 4,32 отсто и со 186 илјади 132 лица.

По Германија, следуваат Грузија и Иран.

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO) за декември 2019 година, Турција го зачува своето шесто место според редоследот на посетители во 2018 година во светот.

Во 2018 година пак, како последни податоци соопштени од страна на UNWTO, Турција е на 15-тото место според редоследот во туристичките приходи во светот.

Турција како шеста земја која заработува најмногу туристички приходи во Европа, воедно е четвртата по ред земја која пречекува најголем број туристи во светот.



Слични вести