Аеродромот во Анталија во периодот 1 јануари-22 декември 2019 г. пречека над 35 милиони авиопатници

Во периодот 1 јануари-22 декември 2019 година на Аеродромот во Анталија им е дадена услуга на вкупно 35 милиони 186 илјади 716 патници од кои 28 милиони 385 илјади 852 на меѓународни линии и 6 милиони 800 илјади 864 патници на внатрешни линии

1331153
Аеродромот во Анталија во периодот 1 јануари-22 декември 2019 г. пречека над 35 милиони авиопатници

На Аеродромот во Анталија кој по Истанбул пречекува најголем број авиопатници во Турција, во периодот 1 јануари-22 декември 2019 година им е дадена услуга на вкупно 35 милиони 186 илјади 716 патници од кои 28 милиони 385 илјади 852 на меѓународни линии и 6 милиони 800 илјади 864 патници на внатрешни линии.

Генералниот директор на Аеродромот во Анталија „Fraport TAV“ Дениз Варол истакна дека во Анталија едниот од нашите најзначајни туристички центри кој пречекува 16 милиони туристи со секоја година се забележува значаен раст и во бројот на патниците кои го користат аеродромот, т.ј. патуваат авионски.

Дениз Варол рече дека на аеродромот во Анталија пречекуваат патници од голем број земји и појасни дека во периодот 1 јануари-22 декември 2019 година на меѓународни линии слетаа и полетаа 160 илјади 890 авиони, а на внатрешни линии слетаа и полетаа 43 илјади 548 авиони. 

Варол воедно напомена дека 80 отсто од прометот, интензитетот, на аеродромот во Анталија е доживеат во летните месеци.

Билгихан Јилмаз, кој заедно со Дениз Варол исто така ја извршува функцијата генерален директор на Аеродромот во Анталија „Fraport TAV“, истакна дека Аеродромот во Анталија од аспект на бројот на патници на кои им пружа услуга се наоѓа на 14. место во Европа и дека оваа година ќе се искачи на 13. место.



Слични вести