Турција во производство на риби во последните 10 години оствари раст од над 100 посто

Турција во 2008 година произведуваше 152 илјади тони риба, додека во 2018 година оваа бројка со раст од над 100 посто се зголеми на 314 илјади 537 тони

1330252
Турција во производство на риби во последните 10 години оствари раст од над 100 посто

Производството на морска храна на Турција со позитивното влијание и на извозот во последните 10 години со раст од над 100 посто се зголеми на 314 илјади 537 тони.

Во Турција во 2000 година производството на риба изнесуваше 79 илјади тони, а во 2008 година се зголеми на 152 илјади тони. 

Во 2018 година пак, оваа бројка се искачи на 314 илјади 537 тони.

Овој раст во производството се одрази позитивно и на извозот.

Така извозот на морска храна во периодот јануари-ноември 2019 година во споредба со истиот период од 11 месеци 2018 година со раст од 5 отсто од 875 милиони долари се зголеми на 918 милиони долари.

Во овој период беше остварен извоз на риба перка во износ од 319 милиони долари, на платика од 264 милиони долари и извоз на оркинос од 64 милиони долари.

Во извозот на морска храна на прво место се наоѓа Холандија со 131 милион долари, а по неја редум следуваат Италија со 103 милиони долари и Русија со 83 милиони долари. 

 



Слични вести