Турските производители на јајца се насочија кон арапските пазари

Нашите производители располагаат со капацитет да ги задоволат потребите што ќе пристигнат и од другите земји, рече Сертесер.

1328147
Турските производители на јајца се насочија кон арапските пазари

Производителите на јајца од Афионкарахисар кои важат за најзначајните в Турција се насочија кон пазарите во Кувајт и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Претседателот на Управниот одбор на Трговската и индустриска комора на Афионкарахисар Хусну Сертесер во изјавата за печатот рече дека од април наваму производителите во Кувајт остварија извоз на јајца во износ од 15 милиони долари, во Сирија 3 милиони долари, во Катар, ОАЕ, Оман и Бахреин вкупно 4 милиони долари.

Нашите производители располагаат со капацитет да ги задоволат потребите што ќе пристигнат и од другите земји, рече Сертесер.

Невзат Тезџан претседателот на кооперацијата за живина Башмакчи рече дека од април наваму најголем извоз на јајца оствариле во новите пазари како што се Катар, Оман и ОАЕ.



Слични вести