Од Малатја за 11 месеци во 2019 година остварен извоз на суви кајсии во износ од 231 милион долари

Од градот Малатја во периодот јануари-ноември, за 11 месеци, оваа (2019) година, е остварен извоз на 89 илјади тони кајсии и од тоа се заработени приходи во износ од 231 милион долари

1326890
Од Малатја за 11 месеци во 2019 година остварен извоз на суви кајсии во износ од 231 милион долари

Од градот Малатја, кадешто се реализира 85 отсто од целокупното производство на суви кајсии во светот, во периодот јануари-ноември, за 11 месеци, оваа (2019) година е остварен извоз на 89 илјади тони кајсии и од тоа се заработени приходи во износ од 231 милион долари.

Претседателот на Трговската берза на Малатја Рамазан Озџан истакна дека минатата година беше завршена со извоз на 95 илјади тони суви кајсии и дека оваа година очекуваат да се достигне до бројката од 100 илјади тони.

Велејќи дека продолжуваат потрагите по нови пазари во извозот на суви кајсии и дека во тие рамки постои сериозен раст во извозот за Кина, Рамазан Озџан го рече следното: „Денеска станува збор за извоз за Кина од над 2 илјади тони, којшто започна со 600 тони. Оваа бројка во 2020 година ќе ја крунисаме со 4 илјади тони. Доколку нашето природно производство во 2020 година достигне до посакуваната точка, сметаме дека нашиот извоз за Кина ќе се доближи до 4 илјади тони.“



Слични вести