Италија ќе го зголеми трговскиот обем со Турција на 30 милијарди долари

На Турција сметаме како на порта кон пазарот во Централна Азија и другите пазари

1323796
Италија ќе го зголеми трговскиот обем со Турција на 30 милијарди долари

Амбасадорот на Италија во Анкара Масимо Џиани рече дека италијанскиот премиер Џузепе Конте им дал задача трговскиот обем меѓу Турција и Италија да го зголемат на 30 милијарди долари.

Џиани во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) рече дека односите меѓу Турција и Италија се извонредни од сите аспекти и дека се доживува еден период на долготрајно и силно пријателство.

„Идната година очекуваме Турција повторно да постигне економски раст“ рече Џиани и додаде:

„На Турција сметаме како на порта кон пазарот во Централна Азија и другите пазари. Располагаме со потенцијал за зајакнување на соработката и трговските односи.

Моментално трговскиот обем меѓу двете земји изнесува околу 20 милијарди долари и тоа претставува добро ниво.

Италијанскиот премиер Конте е многу задоволен од трговските односи меѓу двете земји и рече дека можеме да го зголемиме постоечкото ниво. Затоа не задолжи нивото на трговскиот обем да го зголемиме на 30 милијарди долари. Ние се ангажираме за остварување на оваа цела.

За остварување на предвидената цел ќе се фокусираме кон инвестирање во деловите за машините, а исто така со заедничко производство во хемискиот и козметичкиот сектор во кој Италија важи за една од водечките земји, ќе оствариме извоз во третите земји“ рече Џиани.



Слични вести