Турција во периодот јануари-ноември 2019 година од извозот на чај заработи над 13 милиони долари

Турција во периодот јануари-ноември 2019 година, за 11 месеци од извозот на чај заработи 13 милиони 254 илјади 601 долар

1323298
Турција во периодот јануари-ноември 2019 година од извозот на чај заработи над 13 милиони долари

Во период јануари-ноември оваа (2019) година, за 11 месеци, од Турција е остварен извоз на 3.537 тони чај во 103 земји во светот и од тоа се заработени приходи во износ од 13 милиони 254 илјади 601 долар.

Количината на остварениот извоз на чај во истиот период од 11 месеци во минатата (2018) година изнесуваше 3.364 тони и беа заработени 12 милиони 163 илјади 73 долари.

На тој начин во количината на остварениот извоз на чај во оваа година во споредба со минатата година е забележан раст од 5 отсто, а заработените приходи пораснаа за 9 отсто.

Во остварениот извоз на чај во наведениот период од 11 месеци на првото место се најде Белгија каде беа извезени 1.320 тони чај и од тоа беа заработени 4 милиони 903 илјади 465 долари.

По Белгија следуваат Германија со извоз на чај во износ од 1 милион 814 илјади 576 долари и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со 1 милион 558 илјади 872 долари. 



Слични вести