Раст на индустриското производство на Турција во октомври 2019 година

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство во месец октомври 2019 година во споредба со истиот месец минатата година, оствари раст од 3,8 отсто

1322909
Раст на индустриското производство на Турција во октомври 2019 година

Индексот на индустриското производство на Турција, којшто се прифаќа како водечки индукатор за економскиот раст, во месец октомври оваа година во споредба со истиот месец минатата година, оствари раст од 3,8 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство за месец октомври 2019 година.

Според тоа, сезонски прилагоденото индустриско производство во октомври се зголеми за 2,8 отсто.

Во октомври оваа (2019) година споредено со истиот месец минатата (2018) година, во индексот во секторите на рударството и каменоломството е согледан раст од 6,5 отсто, а во индексот на секторот на производствената индустрија раст од 3,7 отсто.

Кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во секторите на рударството и каменоломството на месечна база оствари раст од 0,4 отсто, а индексот во секторот на производствената индустрија раст од 1,1 отсто.



Слични вести