Од источниот дел на Турција за 11 месеци остварен извоз во 190 земји од над 1 милијарда долари

Од 17 градови во источниот дел на Турција во периодот јануари-ноември годинава, за 11 месеци, е остварен извоз во 190 земји ширум светот во износ од 1 милијарда 677 илјади долари

1322926
Од источниот дел на Турција за 11 месеци остварен извоз во 190 земји од над 1 милијарда долари

Од страна на фирмите на Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ), од 17 градови во периодот јануари-ноември годинава, за 11 месеци, е остварен извоз во 190 земји ширум светот во износ од 1 милијарда 677 илјади долари.

Според обезбедени податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ), за 11 месеци оваа година од 17 градови во подрачјето на делување на Унијата, Агри, Ардахан, Батман, Бајбурт, Бинѓол. Битлис, Ерзурум, Ерзинџан, Елазиг, Игдир, Хаќќари, Муш, Ширнак, Тунџели, Ван, Карс и Сиирт, е остварен извоз во 190 земји ширум светот.

Во реализираниот извоз од страна на фирмите членки на Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ) во 190 земји во периодот јануари-ноември годинава, на прво место се наоѓа Ирак кадешто беа продадени производи во износ од 397 милиони 322 илјади долари.

По Ирак, според реализираниот најголем извоз на второ место се наоѓа Азербејџан-Нахчиван со 110 милиони 387 илјади долари, трета е Германија со извоз од 97 милиони 177 илјади долари, а на четврто место Иран со 85 милиони 533 илјади долари.



Слични вести