ФЕД не ја промени каматната стапка

Одлуката за одржување на каматната стапка на константно ниво беше усвоена едногласно

1322085
ФЕД не ја промени каматната стапка

Американската централна банка  (ФЕД) соопшти дека не ја менува каматната политика, поради што каматната стапка ја остави на ниво од 1,50-1,75.

Одлуката за одржување на каматната стапка на константно ниво беше усвоена едногласно беше истакнато во соопштението во кое беше подвлечено дека пазарот на трудот останал силен и дека моменталните каматни стапки се поволни за поддршка на економскиот раст.

Во соопштението меѓудругото се потенцира дека активно ќе се следат глобалните случувања и инфлацијата и не беше најавено намалување на каматната стапка во текот на годинава.

Во соопштението на ФЕД беше истакнува дека и натаму се слаби инвестициите и извозот, поради што активно се следат и економските податоци.

Годинава Американската централна банка (ФЕД) три пати ја намали каматната стапка. Во јули ја намали за 25 базни бодови и тоа на ниво 2,00-2,25, во септември за 25 базни бодови на ниво од 11,75-2,00 и во октомври за 25 базни бодови на ниво од 1,50-1,75.



Слични вести