Анталија со најголем број плажи со сино знаме во светот

Во Турција има 463 плажи наградени со сино знаме, а Анталија, како една од значајните туристички дестинации во светот и престолнината на турскиот туризам, е град кој располага со најголем број плажи со сино знаме во светот

1322178
Анталија со најголем број плажи со сино знаме во светот

Анталија е град, туристички центар, кој располага со најголем број плажи со сино знаме во светот.

Директорот за здравство на Анталија Унал Хулур во дадената изјава истакна дека синото знаме, како меѓународна еколошка награда (за животна средина) им се доделува на квалитетни плажи, марини и јахти кои располагаат со неопоходните меѓународни стандарди, претставува симбол на една чиста, добро одржана, опремена, безбедна и со тоа една цивилизациска животна средина.

Нагласувајќи дека во Анталија оваа година се остварени 422 контроли на плажи, Хулур рече: „Синото знаме и со своето меѓународно својство има посебно значење од аспект на туризмот, бидејќи кога на луѓето кои одат на одмор во место коешто не го познаваат, во место во кое доаѓаат за прв пат, им е полесно да прават планови за да одат на плажа којашто располага со меѓународна гаранција и чии карактеристики ги знааат. Затоа, синото знаме е силно комуникациско средство во туризмот.“

Унал Хулур напомена дека во Турција има 463 плажи наградени со сино знаме и го додаде следното: „Анталија со 202 плажи со сино знаме, е град којшто располага со најголем број плажи со сино знаме.“

 



Слични вести